Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, каде напиша дека знае дека некој не сака да ја гледа државата успешна, споделувајќи видео од неговото обраќање вчера, во македонското Собрание.

-Јас знам дека некој не сака да ја гледа успешна Македонија, не сака да ја гледа консолидирана, не сака да ја гледа како си ги завршува своите обврски и прави реформи. Прва е во Европската агенда за испорака во декември, еве уште од сега ви најавувам дека и во јуни ќе бидеме први, следна цел ќе ни биде и во декември да бидеме повторно најдобри.

Тоа е нашата цел, да направиме пристојна, убава држава со којашто нашите потомци ќе се гордеат, напиша тој.

Exit mobile version