Мицкоски на Берлинскиот процес: Отворање на нови пазари и подобри услови за бизнисот
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше на првата сесија од “Берлинскиот процес” посветен на регионалната соработка и заедничкиот регионален пазар.
-Учествував во првата сесија од “Берлинскиот процес” посветен на регионалната соработка и заедничкиот регионален пазар, што е форма за поблиска соработка и операционализирање на стратегијата за економски развој на државите од Балканот. Ние мора да го пронајдеме нашиот интерес во отворање на нови можности и пазари за нашите компании, нови форми на соработка и обезбедување на посигурна иднина, напиша на својата Фејсбук страница премиерот Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа