Мицевски: Целосно да се прифати нашиот предлог

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес достави барање до Собранието за одржување на итна седница на која ќе се разгледува Предлог законот кој го поднесовме, а се однесува на Законот за енергетика. По вчерашната прес конференција на Ковачевски видовме дека Владата едноставно препишала делови предлог мерките кој што ние како ВМРО-ДПМНЕ го понудивме, но сметаме дека она што Ковачевски го презентираше не е доволно, истакна денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Имено, во мерките кои што Ковачевски ги презентираше, вели Мицевски, слушнавме дека ќе добиваат поевтина електрична енергија образовните и јавните здравствени установи но случајно или не ги изостави водостопанските и комуналните претпријатија кои што поради високите цени на електрична енергија имаат проблеми со ликвидноста што во следниот период може да доведе до повисоки сметки за домаќинствата и стопанството.

-Како одговорна партија бараме целосно, а не парцијална прифаќање на нашиот предлог. Со Предлог законот за енергетика кој што ВМРО-ДПМНЕ го поднесе во самиот текст опфатени се и водоводните и комунални претпријатија кои што имаат огромни трошоци за електрична енергија. Ако СДСМ и Ковачевски навистина се грижат, еве нека го поддржат нашиот Закон за енергетика. Со тоа ќе покажат дека се грижат за граѓаните и за стопанството. Во нашиот предлог закон покрај училиштата и здравствените уставови опфатени се и водостопанските и комуналните претпријатија. Со тоа директно ќе им олесниме на граѓаните и стопанството да не доаѓа до поскапување на услугите поврзани водоснабдувањето. Ајде прво да ги изгласаме овие измени на законот, па потоа да ги изгласаме и задолжувањето кај ЕБОР и сите оние конфузни предлог мерки кои што ги слушнавме во текот на вчерашниот ден, вели координарот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

29.09.2022 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега