Close Menu
    Најново

    Николоски од Виенскиот економски форум: Македонија ги започнува стратешките проекти на транспортните Коридори 8 и 10

    17.11.2025 во 17:46

    Ема Стоун најубава позната жена во светот

    17.11.2025 во 17:37

    Заврши општата расправа за Предлог-буџетот за 2026, од утре амандманска

    17.11.2025 во 17:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Николоски од Виенскиот економски форум: Македонија ги започнува стратешките проекти на транспортните Коридори 8 и 10
    • Ема Стоун најубава позната жена во светот
    • Заврши општата расправа за Предлог-буџетот за 2026, од утре амандманска
    • „Внимавај, телефонски измами“ – Скопската полиција ги едуцираше повозрасните за потенцијалните кражби
    • Јаневска: Студентите овој месец ќе ги добијат средствата за студентски оброк
    • Земјотрес почувствуван во Македонија
    • Случај „Онкологија“: Сведочеа лекари, директорот ја носел конечната одлука за терапија
    • Јаревски: Со Предлог-буџетот за 2026 година се утврдуваат здрави основи на фискална консолидација
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Меџити: Поддршката за пензионерите не треба да биде само финансиска, туку и социјална

    Меџити: Поддршката за пензионерите не треба да биде само финансиска, туку и социјална

    23.09.2025 во 17:04
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Првиот заменик премиер и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со пензионерите од оваа општина, потенцирајќи ја исклучителната важност што тие ја имаат за општеството во земјата, се вели во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.

    “Имам особено задоволство да се сретнам со луѓето кои целиот свој живот го посветиле на изградбата на нашето општество. Тие заслужуваат најголема почит и поддршка“, изјави Меџити.

    Тој потврди дека Владата, за помалку од една година, успеала да ги зголеми пензиите за вкупно 7.000 денари, што претставува значаен чекор кон подобрување на економските услови на повозрасните граѓани.

    “Ова е чувствителна и конкретна промена во секојдневниот живот на пензионерите. Оваа политика ќе продолжи со нови чекори за да обезбеди достоинствена старост за сите“, додаде Меџити.

    Понатаму, тој нагласи дека поддршката за пензионерите не треба да биде само финансиска, туку и социјална, при што истакна дека општина Чаир ќе инвестира во создавање нови содржини, социјални, културни и рекреативни програми, меѓу кои културни и спортски настани, патувања и едукативни програми, како и активности за поквалитетен социјален живот.

    Општина Чаир ќе биде партнер на сите здруженија на пензионери, поддржувајќи ја секоја иницијатива што придонесува за нивната благосостојба, а во соработка со Владата ќе се дизајнираат и посебни програми за здравствена превенција, кои ќе вклучуваат едукации, бесплатни лекарски прегледи и активности за зачувување на физичкото и менталното здравје на повозрасните лица, истакна Меџити.

    Тој дополнително ја нагласи и заложбата за помош на пензионерите што живеат во тешки социјални услови преку систематска поддршка, социјални пакети и континуирана институционална грижа.

    “Пензионерите се нашата гордост, наша сила и наша најголема мудрост. Наша должност е да им обезбедиме достоинствена, мирна и исполнета старост. Ова е ветување што како општина Чаир ќе го исполниме до крај“, заклучи Меџити.

    Популарно

    „Бентли“ ти дава крилја: Дозволено 50км/ч – летал со 143 км/ч

    17.11.2025 во 11:57

    Тошковски: Успешно ме оперираа – да се опоравам и се враќам на работа

    17.11.2025 во 15:26

    (ВИДЕО) Потоп во Италија: Луѓе чекаат евакуирање на покривите, се урна и трикатна зграда

    17.11.2025 во 14:24

    Добри вести за пензионерите: Следи ново зголемување на пензиите

    17.11.2025 во 12:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.