Метеоролозите најавуваат невреме: Силен ветер, дожд и грмежи

Попладнево и во вечерните часови нашата територија повторно ќе се наоѓа под влијание на влажна и исклучително нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштува метеорологот Славчо Попоски.

Локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да услови нови локални поплавувања, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Токму поради ова на граѓаните ги советуваме да бидат внимателни во случај на појава на Нневреме и на електрични празнења. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот од 26 до 35 степени.

Услови за локален дожд и грмежи ќе има и утре, особено во претпладневните часови а ќе започне да дува умерен, на повеќе места засилен ветер од северен правец кој ќе услови намалување на температурите на воздухот , особено во северните предели. Максималните дневни температури на воздухот утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Стабилизирање на времето ќе имаме од среда.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега