УХМР објави метео аларм за денеска, за високи температури на територијата на Македонија.

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град.

УХМР

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени, додека максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во делови од котлината попладне ќе има услови за краткотрајно невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21 степен, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Exit mobile version