Меркур во Стрелец до 5 декември: Што им носи на хороскопските знаци?

Од 17 ноември до 5 декември, Меркур ќе престојува во авантуристичкиот Стрелец.

Тоа може да има огромно влијание на нашата комуникација со другите. Ќе бидеме исполнети со позитивна енергија, а и спонтано ќе се препуштаме на нови авантури. Можностите ќе бидат насекаде околу нас, па затоа треба да ги држиме очите отворени и да не се криеме во својата сигурна зона.

Прочитајте што го очекува вашиот знак.

Овен

Меркур во Стрелец влијае на Овните така што им помага да креираат доверливи и длабоки односи со другите луѓе. Во оваа насока, Овните можат да очекуваат големи промени и поддршка од Меркур. Освен тоа, на полето на финансиите ќе можете да се потпрете на своето искуство и стекнати знаења за да напредувате.

Бик

Биковите ги очекува одличен период поврзан со работата, но и стекнувањето нови вештини, личен развој и тн. Меркур ќе ви помогне да бидете поактивни, но и лесно да ги завршувате преговорите и да соработувате со другите. Ова е и одличен период за патувања, промена на местото на живеење и промена на работното место.

Близнаци

Близнаците треба да тргнат во акција, бидејќи крајот на годината може да им донесе одличен период за работа и/или финансиски активности. Во овој период, Близнаците ќе имаат огромна храброст да направат важен чекор кон успехот.

Рак

Раковите овие денови треба да се посветат на купување, но пред тоа, важно е да ги разгледаат сите опции. Овој транзит ќе ве поттикне да ги менувате материјалните работи во вашиот живот и да се прилагодите на нов тек на живеење. Но, важно е да ги разгледате сите опции пред да донесете избор.

Лав

Лавовите имаат можност да купат нешто важно за себе и да направат поправки, каде тоа е неопходно. Освен тоа, потрудете се да инвестирате во нови интереси и хобија кои ќе ве направат посреќни. Слушнете го мислењето на вашите сакани, тоа ќе ви помогне.

Девица

Девиците во овој период треба да се потпираат на фактите, а не шпекулациите. Ова е добар момент за сите родени во овој знак кои сакаат да ја дознаат вистината. Ова е ваша планета и добивате голема поддршка за време на овој транзит.

Вага

Меркур во Вага ви носи нови можности во комуникацијата со луѓето. Наоѓањето заеднички јазик со другите ќе ви стане појасно, што ќе ви донесе и поголема самодоверба, но и нова љубов за некои осамени Ваги. Ќе станете и поодговорни и ќе успеете да ги завршите работите, што е особено важно за крајот на годината.

Шкорпија

Меркур влијае на вашиот знак така што многу полесно и помудро ќе ги согледате критиките од другите луѓе. Ова ќе ви донесе почеток на нова фаза во вашиот живот. Некои критики ќе ви помогнат во вашиот личен развој, а оние кои се можеби злонамерни нема воопшто да ве погодуваат.

Стрелец

Меркур е во вашиот знак и ве поттикнува да се посветите на своите цели. Овој период ви носи убаво чувство на слобода, позитивна енергија и радост. Ќе имате можност да извлечете многу и од комуникацијата со другите луѓе и ќе имате чувство како за вас да не постојат граници.

Јарец

За Јарците, овој транзит носи зелено светло за работа. Ќе најдете време да се посветите на работата, но и да не заборавите на одморот. Потрудете се да најдете баланс меѓу работата и личниот живот и да се посветите и на вашето здравје и енергија.

Водолија

Водолиите ќе бидат успешни, посебно на полето на финансиите и работата. Ќе имате можност да најдете заеднички јазик во комуникацијата со другите. Водолиите ќе бидат и комуникативни и елоквентни, па така лесно ќе оставате и впечаток на другите луѓе.

Риби

Рибите во овој период ќе можат да ги анализираат своите грешки од минатото и да извлечат соодветни заклучоци. Не се критикувајте себеси, туку само насочете се на подобри работи. Ова ќе биде добар период за вас, во кој нема стравови и проблеми. Крајот на ноември и почетокот на декември ќе ви донесат можност да ги преиспитате своите животни принципи.

18.11.2022 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега