Меркур влегува во Близнаци: 11. јуни е клучен, а три знаци треба да се подготват за важни разговори

Меркур, планетата одговорна за начинот на кој комуницираме и ги решаваме секојдневните проблеми, на 11 јуни влегува во Близнаците, каде што ќе остане до 11 јули.

Меркур влегува во својот владејачки знак, близнаци, и ви овозможува да имате исклучително прилагодлив, енергичен, активен, буден, љубопитен и сестран ум.

Барате знаење, дали преку читање или разговор, можеби, пак, преку патување и разговори со новите луѓе кои постојано ги среќавате. Имате толку нервозна енергија што понекогаш може да предизвика многу стрес, за кој треба да најдете начин соодветно да го ослободите. Вежбањето е добар начин за редуцирање на оваа напнатост.

 

Ќе бидете помудри, повеќе духовити и секогаш ќе имате шега „во ракавот“. Сакате да учествувате паралелно на повеќе фронтови и тоа може да биде проблем. Брзо прифаќате нови концепти и подеднакво брзо губите интерес за идеја или бизнис, кога вашата љубопитност ќе биде задоволена. Сакате да пробате по малку од сè – концентрацијата и дисциплинираното учење нема да ви бидат силни страни.

Близнаците се воздушен знак познат по својата љубопитност, брзо размислување и комуникативност. Кога Меркур е во Близнаци, тој носи одредени карактеристики и влијае врз нашата комуникација и размислување. Луѓето со оваа позиција на Меркур обично се многу вербални, брзи и елоквентни во искажувањето на своите мисли. Имаат активен ум, па затоа се способни брзо да ги апсорбираат информациите и да ги пренесат на другите на јасен и разбирлив начин.

Меркур во Близнаци најмногу ќе им одговара на близнаците, водолиите и вагите.

Близнаци

Меркур во првата куќа ви носи важни вести и разговори. Очекувајте да имате важни преговори и средена документација. Ќе имате голема моќ на убедување и тоа можете да го искористите на работното место.

Меркур во Близнаци најмногу ќе им одговара на близнаците, водолиите и вагите.

Водолија

Меркур во петтата куќа ви носи интересна средба со личност која е младолика и сака да се забавува. Доколку сте слободни, ова ќе ви биде шанса да остварите ново познанство. Ќе ве привлекуваат комуникативни луѓе, а ќе излегувате и на јавни места.

Вага

Меркур во деветтата куќа ви носи можност за патување. Тоа е можност да усовршите веќе некое постоечко знаење, а доколку сте млади, да запишете факултет. Продуктивен период, кој ќе ви донесе можност за личен развој.

08.06.2023 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега