Close Menu
    Најново

    Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

    07.10.2025 во 22:12

    Панче Тошковски: Нема да поднесам оставка – очајни сте

    07.10.2025 во 21:45

    Мицкоски од Тетово: Венко и Али се последниот бастион на криминалот и корупцијата во Македонија

    07.10.2025 во 21:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци
    • Панче Тошковски: Нема да поднесам оставка – очајни сте
    • Мицкоски од Тетово: Венко и Али се последниот бастион на криминалот и корупцијата во Македонија
    • Филипче: Кога нема резултати власта посегнува по црни кампањи, никако да разберат дека се прочитани
    • Трамп не понуди трговски отстапки за Канада
    • Филипче од Гевгелија: Ова не се обични избори, ова е борба за достоинството и иднината на нашиот дом, Македонија
    • Филипче од Гевгелија: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе немаштија и безнадежност
    • Филипче од Гевгелија: Народот живее тешко, инфлацијата е до плафон, а власта не презема ништо
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мерко даде завршни зборови за незаконското поставување директор во Велешта, пресуда в понеделник

    Мерко даде завршни зборови за незаконското поставување директор во Велешта, пресуда в понеделник

    07.10.2025 во 18:23
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко денеска во Основниот суд во Струга даде завршни зборови во случајот со незаконското поставување директор во основното училиште „Зини Хани“, предмет во кој се води постапка и против Егзона Шеј, која во два последователни мандати ја извршувала функцијата в.д. директор во тоа училиште, а според обвинението, се товари и за фалсификување исправа.

    Тој смета дека Егзона не треба да биде обвинета, бидејќи, според него, таа како апсолвент правела жртва да помогне во процесот на образованието и децата да не останат без професор по француски јазик.

    – Јас чуствувам должност, ако треба јас ќе сносам секаква одговорност, но Егзона треба да се ослободи, рече Мерко во завршните зборови, потенцирајќи дека на првообвинетата Шеј материјалната страна не и била во интерес, туку се жртвувала себеси во млади години да предава во едно основно училиште каде што немало друг избор. 

    Во однос на поставувањето в.д. директори, за што, како што подвлече Мерко, една година е во судница, тврди дека немало друг избор, за да може во сите 12 основни и 25 подрачни училишта непречено да се одржува настава. Доколку, нагласи тој, во едно училиште немало директор и кој да потпише плата, тогаш вработените во сите училишта ќе останеле без пари, а со тоа ќе дошло до прекин на наставата.

    Јавниот обвинител Џемал Лога побара обвинетите да бидат прогласени за виновни и бара ефективна казна затвор за Мерко за незаконското поставување директори во училиштето во Велешта и „Браќа Миладиновци“ во Струга, бидејќи, како што рече, во континуитет го продолжувал истото дело, иако бил свесен дека може да избере в.д. директор од редот на вработените, а не некој што не исполнува услови. 

    Тој посочи дека покрај со материјалните докази обвинението било поткрепено и со вербални докази.

    – Не верувам дека овој пат казната ќе биде парична, затоа што неможе два пати иста пресуда да се донесе, изјави Лога, подвлекувајќи дека без разлика дали судот ќе одлучи за парична или условна казна Обвинителството ќе ја обжали одлуката.

    Адвокатот на Шеј, Димитрија Цобоски на судот му предложи неговиот клиент да биде ослободен од кривичното дело фалсификување исправа, бидејќи, според него, застапникот на обвинението не успеал да ја докаже основаноста на обвинението. Тој посочи дека Обвинителството поднесува обвинение за употреба лажна исправа, а оти нема постапка за лицата кои ги издале тие потврди за кривично дело фалсификување исправа.

    Одбраната на Мерко, адвокатот Игор Петковски во завршните зборови кажа дека нема оштетен во предметот, ниту е пријавено оштетено побарување, кое, според него, е суштински елемент за постоењето на кривичното дело, несовесно вршење на службата, како во случајот.

    Тој претходно од Судот побара спојување на предметите за незаконското поставување директори во училишта со најновото обвинение против Мерко за осветлување на дел од речното корито на Црн  Дрим, што беше одбиено од страна на кривичниот совет.

    Судечкиот судија Јордан Јованов за в понеделник најави пресуда за двата предмети за незаконско поставување директори во училиштето во Велешта и „Браќа Миладиновци“ во Струга.

    Популарно

    Ахмети: Како може Македонците да ни избираат градоначалник во Тетово?

    07.10.2025 во 10:14

    Голема трагедија го потресе регионот: Го застрелал Срѓан мислејќи дека е дива свиња

    07.10.2025 во 09:36

    Ако „преживее“ фон дер Лајен ќе дојде во Скопје на 4 дена пред избори

    06.10.2025 во 21:00

    Прочитајте што се ви е потребно за влез во ЕУ по 12 октомври

    06.10.2025 во 21:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.