„Менаџерот ќе ме убиеше“: Пејачката Александра откри каков проблем си направила поради хороскопот

Пејачката Александра Младеновиќ, иако отсекогаш знаела дека ќе биде пејачка, астрологијата го имала како нејзино поле на интерес.

-Цело време читам хороскопи, сакам да ги читам. Ако не ми се допаѓа тој што ќе го прочитам, одам на друг портал и тоа исто така важи. Ме интересира астрологијата, можеби и еднаш сакав да ја работам. Пред се верувам во Господ, но ова е мое хоби, откри неодамна пејачката.

Младеновиќ се присети и на една ситуација кога за малку ќе откажела настап поради хороскопот. Но, призна дека тогаш менаџерот бил спремен да направи хаос. „Менаџерот ќе ме убиеше“, вели таа.

-Една година имав прекуокеански лет, а во хороскоп ми пишуваше дека тогаш не треба да летам. Веднаш му се јавив на менаџерот да му го кажам тоа, тој полуде и ми кажа дека сум луда и дека веќе имаме договорено да направиме свадба во Аруба и на крајот си заминав и еве се вратив цела. Инаку, се плашам од летање, тоа го знаат и птиците на гранката, рекла Александра.

06.08.2022 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа