Close Menu
Press24
    Најново

    Менаџер на продавница во Чаир „олеснил“ сеф за 45.000 евра: Парите ги крие и не ги враќа

    16.02.2026 во 15:35

    Едни кочат други летаат: „Безбеден град“ регистрираше илјадници прекршоци за една недела

    16.02.2026 во 15:20

    Драма на Бит Пазар: Скопјанец со сила ја турнал жена во автомобил и ја нападнал

    16.02.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Менаџер на продавница во Чаир „олеснил“ сеф за 45.000 евра: Парите ги крие и не ги враќа
    • Едни кочат други летаат: „Безбеден град“ регистрираше илјадници прекршоци за една недела
    • Драма на Бит Пазар: Скопјанец со сила ја турнал жена во автомобил и ја нападнал
    • Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени седум лица
    • Разбиена дилерска група во Струмица: Со месеци препродавале екстази
    • Падна полицајка: Сопругот со нејзиниот пиштол се заканувал во кафеана во Трубарево
    • Ивановски: Пробиен последниот тунел во изградбата на пругата Бељаковце- Крива Паланка
    • Гркинки „пазареле“ без да платат во Аеродром: Приведени две жени за кражба во трговски центар
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Менаџер на продавница во Чаир „олеснил“ сеф за 45.000 евра: Парите ги крие и не ги враќа

    Менаџер на продавница во Чаир „олеснил“ сеф за 45.000 евра: Парите ги крие и не ги враќа

    16.02.2026 во 15:35
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Затајување согласно член 239 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до касите и сефот, па во периодот од 18.12.2025 година до 04.02.2026 година, во повеќе наврати одземал парични средства што му биле доверени. Парите од дневниот промет не ги депонирал во сеф ниту ги предавал на овластено лице за собирање и транспорт на прометот. На овој начин осомничениот незаконски присвоил 2.783.867 денари и ја оштетил компанијата во која работел.

    Бидејќи откако бил откриен тој веднаш бил отстранет од работното место, јавниот обвинител предложи и дополнителни мерки на претпазливост во текот на постапката – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува во судот и привремено одземање на пасошот.

    Притоа, обвинителството го имаше предвид ризикот од бегство како и фактот дека осомничениот се уште ги крие и не ги враќа противправно одземените пари на правното лице.

    Популарно

    Трипуновски најави нови правила за субвенциите: Пари ќе има само за тие што навистина произведуваат

    16.02.2026 во 12:51

    Брисел ги одби превозниците од Балканот: Се најавуваат блокади на границите и пристаништата

    16.02.2026 во 09:36

    Страшна сообраќајка ја потресе Македонија: Загина 25-годишен кривопаланчанец, три лица тешко повредени

    16.02.2026 во 10:00

    Се излеа Вардар

    16.02.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.