По разводот од пејачот Харис Џиновиќ, Мелина Џиновиќ (44) ја пронајде среќата покрај богат бизнисмен (69) со кого живее во Монако.
Во саботата, Мелина Џиновиќ се сврши со избраникот со кого веќе некое време ужива во љубовта и луксузниот живот во Монако.
По некое време, Мелина и нејзиниот нов партнер решија да ја официјализираат својата врска и тие се свршиле оваа сабота, дознава Блиц.
Прославата се одржала во Монако, а модната дизајнерка веднаш рекла „да“ штом богатиот бизнисмен и предложил брак.
Мелина Џиновиќ, според пишувањата на српските медиуми, го поминала целото лето со својот сегашен вереник на неговиот луксузен брод, кој е долг 48 метри.
Тие ги поминаа топлите летни денови пловејќи до различни дестинации. Верникот на Мелина е толку богат, што има вистинска империја.
Како што претходно објавија медиумите, Мелина живее со својот сегашен вереник во луксузен имот.