Меланија Трамп ја прекрши традицијата долга 70 години: Јасно даде до знаење што мисли за новата прва дама

Ниту нејзиниот сопруг Доналд Трамп нема намера да учествува во било какви заеднички активности со Бајден, кои што се дел од традицијата кога станува збор за „промената“ на претседателот на САД.

Во својата последна седмица во Белата куќа, Меланија Трамп, се обидела да се сокрие од очите на јавноста, пакувајќи се и планирајќи го својот иден живот со своето семејство, кој што по Вашингтон ќе го продолжат во Мајами.

Но, тоа што сега многумина ѝ замеруваат е нејзиното однесување кон Џил Бајден, наследничката на Меланија, која што Словенката и тоа како ја игнорира.

Не само што сè уште не се сретнале, туку Меланија Трамп одлучила да ја прекине традицијата во која што првата дама во заминување ја угостува новата прва дама и ѝ нуди приватно обиколување на Белата куќа каде што ќе ги помине наредните четири години од својот живот.

Сето тоа е само уште една потврда за тензијата помеѓу администрацијата во заминување и онаа која што треба да ја наследи.

Меланија Трамп со овој нејзин потег ќе стане првата прва дама на модерниот свет која што не ја повикала жената која што ќе ја наследи во Белата куќа, за да ја прошета низ приватните одаи на куќата на вториот и третиот кат.

Оваа традиција трае од 50-тите години на минатиот век, кога Бес Труман ја угостила својата наследничка Мејми Ајзенхауер, а потоа традицијата продолжила да се одржува низ годините – понекогаш, и без оглед на лошите односи на двете страни.

Да ве потсетиме, Мишел Обама ја угости Меланија Трамп откако Доналд Трамп ги освои американските избори, а Обама претходно ја угости Лора Буш – и тоа двапати, еднаш насамо, а потоа со ќерките на Мишел кои што тогаш ги бирале своите спални соби.

Инаку, таа средба меѓу двете први дами се одржува и со послужување чај, во оној момент кога претседателот во заминување го повикува својот наследник на официјална средба во Овалната соба, но во овој случај поканата за семејството Бајден изостанала.

Без оглед на сè, Џил и Џо Бајден се добро упатени и запознаени со резиденцијата поради тоа што Џо Бајден осум години беше потпретседател на САД, а парот е близок со семејството Обама.

Семејството Трамп веќе изјави дека нема да се појави ниту на церемонијата на инаугурацијата на која што Џо Бајден официјално ќе стане 46-от американски претседател, а последен кој што тоа нешто го направил и не се појавил на заклетвата на наследникот бил Ендрју Џонсон, пред околу 150 години.

Меланија и Доналд би требало да го напуштат Вашингтон во среда во раните утрински часови, што значи дека не само што нема да присуствуваат на инаугурацијата, туку нема да го одржат и традиционалното пиење кафе со семејството Бајден кое што се одржува пред започнување на инаугурацијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега