Меланија одржа предизборен митинг во Пенсилванија: Таа го нападна Бајден и го пофали Трамп- „Мора да го сочуваме Доналд во Белата куќа“

Првата дама на САД Меланија Трамп го одржа својот прв независен предизборен митинг за поддршка на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, во Пенсилванија, недалеку од Филаделфија, вчера.

За време на својот говор, Меланија Трамп, пред неколку стотици приврзаници, го нападна демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден и медиумите, пофалувајќи го досегашниот учинок на нејзиниот сопруг.

Првата дама, бранејќи го пристапот на Трамп во борбата против вирусот корона, се обиде да ги минимизира ризиците што ги носи за американското општество епидемијата во која досега 226 000 Американци ги загубија своите животи, објави АП.

Таа се обиде да ги обвини демократите затоа што, според неа, тие ги ставаат своите лични интереси пред благосостојбата на американскиот народ и се фокусираат на „лажните барања за отповикување на претседателот“, наместо на епидемијата на вирусот корона.

Меланија Трамп ја критикуваше „социјалистичката програма“ на Бајден и ги осуди медиумите, обвинувајќи ги дека се впуштиле во „бесмислени озборувања и судски интриги“ во Белата куќа.

"Политиките и социјалистичката агенда на Бајден само ќе ја уништат Америка и сè што е направено во изминатите четири години. Ние мора да го сочуваме Доналд во Белата куќа за да го завршиме она што го започна, а нашата земја продолжува да цвета. Ние не се затвораме и не се криеме страв кога е тешко “, рече меѓу другото првата дама на Соединетите држави.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 08:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега