Меланија не се чувствува добро поради коронавирусот – откажа настап на кампањата на својот сопруг

Меланија Трамп го откажа својот прв настап во последните неколку месеци во претседателската кампања на својот сопруг Доналд Трамп, јавува Си-Ен-Ен.

Го откажа настапот зашто не се чувствува добро, со оглед на опоравувањето од коронавирусот.

Првата дама вечерва требаше да се придружи на кампањата на претседателот Трамп во Пенсилванија, па одлучи да не оди.

-Госпоѓата Трамп секој ден се чувствува сѐ подобро и подобро по опоравувањето од ковид-19, но поради долготрајното кашлање и од предострожност, денес нема да патува, изјави шефицата на кабинетот на првата дама, Стефани Гришам.

Меланија минатата недела изјави дека кај неа симптомите на ковид-19 се појавиле одеднаш и изгледале како тобоган.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега