Close Menu
    Најново

    Мексико и САД во интензивни разговори за безбедноста и граничните закани

    16.01.2026 во 17:13

    Извршен вонреден надзор во кавадаречката болница – се чека обдукцијата на починатото бебе

    16.01.2026 во 16:55

    Триесетдневен притвор за осуммина вмешани во милионскиот грабеж на УЈП

    16.01.2026 во 16:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мексико и САД во интензивни разговори за безбедноста и граничните закани
    • Извршен вонреден надзор во кавадаречката болница – се чека обдукцијата на починатото бебе
    • Триесетдневен притвор за осуммина вмешани во милионскиот грабеж на УЈП
    • Подгответе се за гужви – во понеделник посебен режим на сообраќај во Скопје
    • Од вторник почнува тестирањето на камерите од „Безбеден град“, ќе се затвораат сообраќајници во Скопје
    • Инфлуенсерите и Јутјуберите со над 10.000 следбеници мора да се регистрираат во АВМУ
    • (ФОТО) Избрани најубаво украсените дворови и тераси, еве кои скопјанки ги освоија наградите
    • Мисајловски: Македонија е безбедна, членството во НАТО е нашиот штит
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мексико и САД во интензивни разговори за безбедноста и граничните закани

    Мексико и САД во интензивни разговори за безбедноста и граничните закани

    16.01.2026 во 17:13
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Мексиканскиот министер за надворешни работи Хуан Рамон дела Фуенте и американскиот државен секретар Марко Рубио остварија телефонски разговор во кој се согласија дека е потребно дополнително зајакнување на соработката за справување со заедничките безбедносни закани, пренесе агенцијата ЕФЕ.

    Во заедничко соопштение, двајцата дипломати ја потврдија важноста на партнерството меѓу САД и Мексико, кое, како што наведоа, се темели на заемно почитување на суверенитетот. Притоа признаа дека и покрај постигнатиот напредок, „сè уште постојат значителни предизвици“.

    Разговорот се одржал во чувствителен политички контекст, откако американскиот претседател Доналд Трамп изнесе изјави за можни копнени воени дејства на територијата на Мексико насочени против наркокартелите.

    Во таа насока, двете страни се договорија билатералната група задолжена за спроведување на безбедносните мерки, чија следна средба е закажана за 23 јануари, да ги интензивира активностите против наркокартелите, како и против трговијата со фентанил и нелегалното оружје преку границата. Дополнително, најавено е дека следниот месец во Вашингтон ќе се одржи средба на министрите за безбедност.

    Во посебно соопштение објавено на социјалните мрежи, Бирото за прашања на западната хемисфера при Стејт департментот на САД ја истакна потребата од „конкретни, проверливи резултати“ од страна на Мексико во борбата против наркотерористичките мрежи, оценувајќи дека бавниот напредок поврзан со граничната безбедност е неприфатлив.

    Телефонскиот разговор меѓу министрите следеше по претходната комуникација меѓу претседателот Трамп и мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум, која јасно порача дека американска воена интервенција во Мексико е исклучена. Таа, сепак, не ја исклучи можноста за лична средба со Трамп по официјалните настани поврзани со одбележувањето на годишнината од неговото стапување на должност на 20 јануари.

    Шејнбаум истакна и дека двете земји имаат обемен список на заеднички приоритети, меѓу кои е и подготовката за Светското првенство во фудбал, кое во 2026 година заеднички ќе го организираат Мексико, САД и Канада, а чијшто свечен почеток ќе се одржи во Мексико на 11 јуни.

    Популарно

    Подгответе се за екстремно ладно време: По 20-ти јануари нè чека „Сибирска експлозија“ со -25 степени

    16.01.2026 во 10:00

    ЕВН најави исклучувања – ќе нема струја до 15:30 часот

    15.01.2026 во 09:15

    Ужас на автопатот „Милош Велики“: Се судрија девет автомобили и камион

    16.01.2026 во 10:43

    ЈСП со важна информација за пензионерите и студентите – бесплатните билети ќе бидат автоматски блокирани

    15.01.2026 во 14:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.