Мехмедовиќ: Ќе биде тешко да се убедат граѓаните дека модуларните болници се безбедни

 

Модуларните болници се значаен капацитет, доколку ги нема нив ќе биде тешко да се даде квалитетна здравствена заштита, изјави за ТВ24 докторот Злате Мехмедовиќ.

„Доколку не се расчисти прашањето за безбедноста на тие болници ќе биде тешко да се убедат граѓаните дали тие се безбедни. Начинот на кој се врши истрагата дава надеж. Најбезбедно и најчесно е за да се премине ова е тие болници да се затворат привремено, а откако ќе се утврди дека се безбедни, повторно да се вратат во употреба. Не треба да бараме поинаков пристап, не постои начин за земја што нема доволно финансиски средства, да обезбеди квалитетна здравствена заштита во соодветни здравствени установи. Тоа и се случи и на Кина. Факторот време е многу битен. Модуларните болници треба да издржат пожар од 30 минути до 4 часа“, изјави д-р Мехмедовиќ .

 

14.09.2021 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега