Меган го остави светот без зборови: „Арчи ја нема титулата принц бидејќи се плашеа колку темна ќе му биде кожата“

Меган, сопругата на принцот Хари, изјави дека пред раѓањето на нејзиниот син Арчи постоела загриженост дека неговата кожа ќе биде темна и дека токму поради тоа не му била дадена титула принц.

Меган, чија мајка е црнкиња, а таткото белец, откри дека била наивна пред да се омажи со член на кралското семејство во 2018 година. Очигледно дека животот во палатата не ѝ одговарал, имала самоубиствени мисли и сакала да се самоповреди откако не ја добила побараната помош.

„Тие не сакаа нашето дете да биде принц или принцеза, не знаејќи каков ќе биде полот, што ќе се разликува од протоколот, и дека нема да добие безбедност “, рече Меган во интервју за Опра Винфри емитувано на Си-би-ес доцна во неделата.

Во тие месеци кога бев бремена, отприлика во исто време, ни беше кажано: „нема да ви се даде безбедност, нема да ви биде дадена титула“ и исто така беа загрижени за тоа дали неговата кожа ќе биде темна кога ќе се роди “.

Таа одби да каже кој ѝ ги пренел ваквите грижи. На прашањето на Опра дали молчела или ја замолчиле, Меган одговори: „Второто“.

Интервјуто најверојатно ќе го продлабочи раздорот меѓу Меган и Хари од една страна и британската монархија од друга страна.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега