Меџити: Го разрешив д-р Јовев, веќе нема директори кои седат и спијат по 10 години - ова е само почеток

Министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија, д-р Сашко Јовев, кој го предводеше тимот што ја изврши првата трансплантација на срце во Македонија.

Меџити на промоцијата на новата онлајн услуга за електронска регистрација кажа дека д-р Јовев е разрешен.

-Веќе нема директори кои седат и спијат по 5-10 години и немаат никаков резултат. Затоа здравството ни е во ваква амортизирана состојба. Секогаш кога ќе има нерегуларности во работењето и сè друго, јас вака ќе постапам. Ова е само почеток. Тоа е кадар на коалициониот партнер на СДСМ, тие ќе предложат друго име. Нема никој тука да биде вечно, бесмртен да биде. Ниту јас, ниту директорите. Кој нема да сработи, ќе биде отпуштен, кажа Меџити.

05.06.2023 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа