Медведев за запирањето на „Северен тек“: Европејците сега ќе плаќаат огромна цена за гасот

 

Дмитри Медведев, поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, жестоко реагира на најавата на Германија за стопирање на проектот „Северен тек 2“.

„Германскиот канцелар Олаф Шолц издаде наредба да се запре проектот за гасоводот ‘Северен тек 2’. Добредојдовте во еден нов свет, каде што Европејците набргу ќе платат 2.000 евра за 1.000 кубни метри природен гас“, рече Медведев.

Германскиот канцелар Олаф Шолц како одговор на вчерашното признавање на провинциите Донецк и Луганск ја прекина сертификацијата на гасоводот „Северен тек 2“.

22.02.2022 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега