Медведев: Голема Русија повторно се раѓа

 

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се огласи по потпишувањето на указот за пристапување на четирите окупирани украински региони во Руската Федерација. Тој испрати важна порака преку својот профил на „Телеграм“.

„Вистината триумфира! Голема Русија повторно се раѓа“, напиша Медведев.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно во Кремљ го потпиша указот за прием на Херсонската и Запорошката област, како и Донецката и Луганската Народна Република во составот на Руската Федерација.

30.09.2022 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега