Медведев: Доаѓа крајот, доаѓа време Америка да го остави режимот на Киев во заборав

Заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, смета дека американската поддршка за режимот во Киев доаѓа до неизбежен крај, иако тоа нема да се случи веднаш, но тенденцијата е јасна, напиша тој на Телеграм.

 

„Американските пратеници го попречуваат финансирањето на воените трошоци на Израел и Украина оваа година. Причините се технички, но не само технички. Јасно е дека се ќе продолжи и во новата година. Сепак, тоа е важен симптом на развојот на болеста“, напиша тој.

Според него, „приказната со Израел е очигледно од техничка природа“, додека „со украинскиот режим сè е покомплицирано“.

„Како што многупати беше истакнато на овој канал, Америка лесно ги издава „своите кучкини синови“ кога ќе станат бескорисни. Изгледа дека тој период дефинитивно доаѓа за Киев“, нагласи Медведев.

Тој оцени дека поддршката на Америка за Киев неизбежно е при крај и дека пред да заврши ќе има повеќе пари, шизоидни тврдења за демократија, бравурозни уверувања за претстојната победа на земјата, како и лажни уверувања за сојузништво за сите времиња и сл, пренесува Спутник.

Но, заклучи Медведев, ситуацијата е јасна, доаѓа време уште едно „американско копиле“ да замине во заборав.

15.11.2023 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега