По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, присуствуваше на настанот организиран во ООУ „Исмаил Ќемали“, каде беше презентирана свечената програма подготвена од учениците и беше промовиран муралот посветен на ликот на Исмаил Ќемали.

Во свечена атмосфера, училишниот двор се претвори во простор каде што уметноста, образованието и историското паметење се споија преку настапите на учениците и претставувањето на новиот мурал, кој пред младите генерации го доближува ликот на човекот што го подигна знамето на независноста.

„Овој мурал е повеќе од уметничко дело. Тој е траен потсетник на личностите што ја создадоа нашата историја и инспирација за младите генерации кои растат со вредностите на знаењето, идентитетот и љубовта кон татковината“, изјави Меџити.

Енергијата и креативноста на учениците му дадоа посебно значење на овој настан, создавајќи симболична врска меѓу минатото, сегашноста и иднината, токму на денот посветен на децата.

Exit mobile version