Close Menu
Press24
    Најново

    Списокот е мал: Еве во кои земји е најбезбедно да се живее во случај на трета светска војна

    03.03.2026 во 10:10

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за патлиџан дипломатија

    03.03.2026 во 10:08

    Македонската полиција запре „дачија” – Возачот веднаш приведен

    03.03.2026 во 10:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Списокот е мал: Еве во кои земји е најбезбедно да се живее во случај на трета светска војна
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за патлиџан дипломатија
    • Македонската полиција запре „дачија” – Возачот веднаш приведен
    • Сијарто порача – Украина нема да влезе во ЕУ додека Орбан е на власт
    • Го раниле и едвај преживеал, родителите му починале – Познатиот српски пејач и актер има тешка животна приказна
    • Војната на Блискиот Исток ескалира: Нападната американската амбасада во Ријад, Трамп порача – „Имаме неограничено оружје за победа“
    • Наскоро продолжен викенд – Ќе ни се погоди ли времето?
    • Нетанјаху: Ова нема да биде „бесконечна војна“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мециновиќ: Левица е обединувачка политичка сила за Скопје

    Мециновиќ: Левица е обединувачка политичка сила за Скопје

    23.10.2025 во 13:023 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција изјави дека партијата бележи значителен раст на поддршката по првиот изборен круг и дека левиот гласачки спектар цврсто се обединува околу нивната програма. „Во изминатите неколку дена гледаме голем прилив на нови поддржувачи. Многу граѓани кои досега не гласале за Левица, сега ја гледаат како најсоодветна опција во вториот круг“, рече тој.

    Мециновиќ истакна дека Левица ќе ја преземе улогата на обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје. „Нашата улога како обединувачка сила е очигледна, и тоа е одговорност, но и привилегија. Испишуваме нови страници во политичката историја на Македонија“.

    Понатаму, во своето обраќање, Мециновиќ најави дека Левица е во разговори со неколку независни листи за можност за соработка во Градскиот совет. Како што истакна со дел од независните листи, како Зелен Хуман Град, веќе имале заеднички ставови и гласања во претходниот мандат. „Верувам дека и овојпат можеме да најдеме заеднички точки на интерес“, изјави тој.

    Моменталната политичка ситуација Мециновиќ ја оцени како мобилизација против владината политика, посочувајќи дека владата, според него, ја злоупотребува кризата со отпадот во Скопје. „Владата сакаше до крај да ги истроши скопјани, за потоа да прави театар со нивното здравје. Тоа е доказ дека имаме деструктивна власт“.

    Кандидатот на Левица порача дека партијата во следниот период ќе понуди алтернатива која ќе биде проактивна и фокусирана на интересите на граѓаните, а не на лични агенди. „Не сакаме повторно да се повтори сценариото со градоначалничката Данела Арсовска. Ние сме тука да ја исполнуваме агендата на скопјани, не на поединци“, истакна тој.

    Мециновиќ најави и конкретни потези веднаш по преземањето на градската власткако раскинување на сите штетни договори што ја оптоваруваат градската администрација и јавните претпријатија „уште во првите 72 часа“. Исто така, нагласи дека во првите 72 часа ќе го раскинат договорот со кој казина и обложувалници се рекламираат на автобусите. „Тоа веќе не смее да биде така. Градската власт не смее да дозволува промовирање на корозивни општествени процеси на својот имот“, објасни Мециновиќ и додаде дека со ваква одлука ќе се подобри и финансиската состојба на Јавното сообраќајно претпријатие. „Најатрактивниот рекламен простор во градот ќе биде вратен под стопанисување на јавното претпријатие, а не на приватни маркетинг агенции кои му оставаат само трошки“.

    Во делот на културата, Мециновиќ најави две нови насоки во политиката на градот за поддршка на младите: финансиско зајакнување на Младинскиот културен центар (МКЦ) и основање на скопски графити фестивал.

    „Сакаме да му дадеме поголема финансиска поддршка на МКЦ. Дел од неговите простории може да се претворат во Скопско рок школо, простор каде младите ќе имаат пристап до инструменти и ќе можат да вежбаат и да се усовршуваат“, објасни тој, додавајќи дека проектот ќе биде по примерот на слични иницијативи во европските градови.

    Мециновиќ најави и идеја за нов фестивал: „Ќе поддржиме формирање на Скопски графити фестивал, по примерот на градови како Мостар. Секоја пролет ќе каниме уметници од регионот и од светот да создаваат мурали и графити, со што ќе го разубавиме Скопје и ќе му дадеме нов визуелен идентитет“. Според него, ваквите иницијативи ќе придонесат за поголема активност на младите во културниот живот и ќе го направат градот попривлечен за домашни и странски посетители.

    Мециновиќ најави дека во следните десет дена партијата ќе одржува тематски прес-конференции на кои ќе ги претставува дополнителните идеи и мерки за Скопје. „Нашите активисти се деноноќно на терен. Секојдневно комуницираме со граѓаните и ја артикулираме пораката на најдобар можен начин“. На крај, повтори дека очекува „значително зголемување“ на поддршката во вториот круг.

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Почна евакуација на Србите од Тел Авив: Вучиќ им прати авион во Египет

    02.03.2026 во 22:41

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.