Close Menu
    Најново

    Одбележани 105 години Филозофски факултет: Темел на хуманистичката мисла и научната традиција

    16.12.2025 во 23:44

    Зимата носи големи промени за овие 3 хороскопски знаци

    16.12.2025 во 23:15

    Што да додадете во кафето за побрзо слабеење?

    16.12.2025 во 23:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Одбележани 105 години Филозофски факултет: Темел на хуманистичката мисла и научната традиција
    • Зимата носи големи промени за овие 3 хороскопски знаци
    • Што да додадете во кафето за побрзо слабеење?
    • ВИДЕО: Ова е новиот состав на СДСМ
    • На Европа и се заканува „циклонска бомба“ и ледена бура
    • Нови потпретседатели на СДСМ се Јована Тренчевска и Александар Трајановски
    • Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина
    • Со секира влегол во казино: Земал 8.600 денари од вработената
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Меџити: Ова е почеток на мисија за ослободување од стариот корумпиран систем на една партија која ги држеше Албанците во страв и неизвесност

    Меџити: Ова е почеток на мисија за ослободување од стариот корумпиран систем на една партија која ги држеше Албанците во страв и неизвесност

    29.09.2025 во 15:33
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Време за решавање на сообраќајниот хаос и проблемите со паркирањето, за решавање на проблемот со чистотата, за нови градинки и воведување едносменска и целодневна настава во училиштата низ Чаир. Сега е време за културни фестивали, жива Чаршија, отворено културно скопско Кале. Сега е време за Чаир како студентски, образован и културен центар за Албанците, порача Изет Меџити денес на прес-конференција за претставување на својата кампања како кандидат за градоначалник на Чаир на претстојните локални избори.

    Чаир заслужува работа, визија и конкретни дела, порача Меџити, нагласувајќи дека ова не е само кандидатура за градоначалник, туку како што рече, „ова е почеток на мисија за ослободување од стариот корумпиран систем на една партија која ги држеше Албанците и сите граѓани на Чаир во зависност, страв и неизвесност“.

    – Нашата визија е јасна. Чаир да стане модерна, функционална и европска општина, место каде секој граѓанин ќе живее достоинствено. Затоа нашата програма не е список на желби, туку конкретен и остварлив план … Ќе работиме транспарентно, одговорно и во постојана комуникација. Ова е наша заедничка битка за Чаир, како што сите го сонуваме. Ве повикувам да застанеме заедно и да покажеме дека времето на поделби и лаги заврши. Времето е за работа, ред и развој. Време е за Чаир, порача Меџити.

    Меџити објави дека се враќа во Чаир, на местото каде што припаѓа, меѓу луѓето на кои им припаѓа, во срцето на Чаир.

    – Многумина може се прашуваат зошто се кандидирам за градоначалник. Одговорот е едноставен и доаѓа од срце. Затоа што мојата најголема должност не е кон функцијата, туку кон луѓето. Затоа што видов дека одлуките за нашата иднина не смеат повеќе да се носат во затворени канцеларии, далеку од реалните проблеми на граѓаните. Вистинската промена се случува тука, на нашите улици, во нашите маала, во секојдневниот живот, порача Меџити.

    Во изминатата година и половина, Меџити, рече дека Чаир го вратиле високо на агендата на Владата и дека обезбедиле отпочнување на сите проекти и фондови, кои се однесуваат на Чаир и општините каде живеат Албанци во Северна Македонија.

    – Обезбедивме десетици милиони евра за секоја од општините каде живееме. Чаир веќе е градилиште, тоа го гледате околу вас. Сега е време за работа, за реализација на проекти, за инвестирање на обезбедените фондови и средства, изјави Меџити.

    Предвидуваме, посочи Меџити, изградба на подземен паркинг кај плоштадот Скендербег, катна гаража кај комплексот „Чаирчанка“, како и монтажни гаражи во Стопанско поле и салата Партизан. Најави и проширување на клучните артерии, како улицата „Цветан Димов“, за олеснето движење, како и воведување на модерен систем за управување со отпад и чистење на дивите депонии и повеќе зелени површини.

    – Младите не се нашата иднина, тие се нашата сегашност. Затоа ќе основаме бизнис инкубатор за стартап компании и локален иновациски фонд за млади претприемачи. Ќе инвестираме во целосна реконструкција на училиштата, воведување на паметни табли и создавање модерни услови за образование, изјави Меџити.

    Меџити, исто така, најави и враќање на културниот живот во Чаир, заживување на културните манифестации и инвестирање во спортската инфраструктура.

    Популарно

    Синот на Трамп се жени, нова снаа влегува во Белата куќа

    16.12.2025 во 19:27

    Никовски: УМС постојано работи на подобрување на условите со цел младите да останат во Македонија

    16.12.2025 во 19:21

    Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците

    15.12.2025 во 22:36

    На Европа и се заканува „циклонска бомба“ и ледена бура

    16.12.2025 во 22:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.