Маж тргнал да го реновира домот, па на кровот пронашол 106 куршуми и четири рачни бомби

46-годишниот В.М. од Охрид, со живеалиште во Скопје, на 15.05.2022 пријавил дека при реновирање на кровот во неговата куќа во Вевчани пронашол голема количина на оружје.

Тој пронашол 106 куршуми за карабин, 4 рачни бомби, една кутија со барут и 33 капсули за ловечка пушка.

Увид на местото извршиле полициски екипи, а пронајдените предмети се безбедно подигнати од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

16.05.2022 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега