Маж си нарачал кисела вода во кафуле, па откако ја пробал завршил на Токсикологија

Пред два дена вистински хаос се случил во кафе-бар во Битола, кога 45-годишен маж прво си нарачал кисела вода, ама откако ја вкусил завршил на Клиника за токсикологија, пренесува Фокус.

Дека битолчанец завршил на скопската Клиника за токсикологија во лоша здравствена состојба, потврдил директорот на истата за Фокус. Согласно информациите, пациентот раскажал дека се напил само една голтка од киселата вода која ја нарачал, ама веднаш осетил дека не е вода.

„Вели „се напив една голтка и осетив дека не е вода“. Интоксикација со корозивно средство има пациeнтот. Не знаеме како е дојдено до тоа, но таква изјава дава, дека бил во кафуле и кога ја отворил водата, од првата голтка почувствувал дека тоа не е вода“, изјавил доктор Бајрами за Фокус.

Тој додава дека полицијата и обвинителството веќе се известени, а каква ќе биде здравствената состојба на пациентот, тек ќе се следи.

Инаку за појаснување, корозивите се група на хемикалии кои имаат својство да предизвикаат повреда на ткивата при контакт со хемиска реакција. Истите најчесто влијаат на гастроинтестиналниот тракт (ГИТ), респираторниот систем и очите.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

 

24.03.2023 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега