Маж повеќе од 2 месеци јаде само живо месо: „Целта е да проверам колку време ќе ми треба да се разболам“
Според неговите зборови, тој не чувствува никакви тегоби ниту симптоми, а цело свое искуство секојдневно го објавува на својот профил на Инстаграм.
Последниве години сè почесто може да запознаеме луѓе кои се вегетаријанци, вегани или пак имаат свои специфични режими на исхрана.
Меѓутоа, мажот кој на социјалната мрежа Инстаграм е познат како „rawmeatexperiment“ одлучил да оди чекор понатаму.
Имено, тој пред речиси три месеци донел одлука да го тестира својот организам така што ќе се храни исклучиво со живо месо.
Како што вели, тој сака да дознае колку време ќе му биде потребно да добие некоја бактерија од овој начин на исхрана.
Според неговите зборови, не чувствува никакви тегоби ниту симптоми, а своето искуство секојдневно го објавува на својот профил на Инстаграм.
Живо говедско, свинско, јагнешко месо, лосос – сето тоа е составен дел од неговото мени, а пред оброкот пие и чаша млеко и неколку јајца.
„Сакам да проверам колку време ќе ми биде потребно за да се разболам. Целта е да видам колку долго ќе живеам – пет дена или 500 години. Но, најважно е да се забавувам во целиот овој процес“, рекол тој.
Тој тврди дека овој начин на исхрана му го сменил животот затоа што смета дека преработената храна која ја јадел претходно правела да биде посклон кон болести и умор.
„Пред извесно време бев на вегански начин на исхрана, но тоа не ми одговараше, па почнав да јадам живо месо и можам да кажам дека прекрасно се чувствувам“, објаснил човекот.
Без оглед на неговите тврдења, експертите сметаат дека овој режим на исхрана всушност е „руски рулет“ затоа што живото месо содржи многу видови бактерии кои можат да предизвикаат салмонела, ешерихија коли, а може да дојде и до труење со храна и проблеми со желудникот.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа