Масовно труење со салмонела во Америка
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) истражува дали консумирањето краставици доведе до пораст на случаите на салмонела низ целата земја, при што 54 лица се хоспитализирани. Агенцијата во средата објави дека податоците покажуваат дека „заразени“ краставици би можеле да бидат причина за 162 инфекции со салмонела. Засега нема пријавено смртни случаи.
Производителот на краставици под истрага вели дека ги повлекол производите од продавниците.
„Наш приоритет е безбедноста на клиентите. Додека ги чекаме резултатите од тестот за нашиот отповикан производ, ние сме во постојана комуникација со здравствените власти“, соопштија од Флорида Fresh Start Produce, како што објави NBC News.
Властите открија салмонела во некои од тестираните краставици на компанијата, поради што производите беа извлечени од полиците. Во тек се дополнителни испитувања за да се утврди дали се работи за истиот сој на салмонела што ги заболува граѓаните.
ФДА и Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), исто така, го истражуваат избувнувањето на салмонелата Braenderup, со 158 случаи во 23 држави, за кои ФДА рече дека можеби се поврзани.
„Двете епидемии споделуваат неколку сличности, вклучително и каде и кога се појавиле болестите и демографијата на засегнатите“, соопшти ФДА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа