Во текот на вчерашниот ден, полициските службеници ширум државата спроведоа повеќе координирани акции насочени кон сузбивање на недозволената трговија со наркотици. Во акциите реализирани во Скопје, Тетово и Охрид, лишени од слобода се вкупно единаесет лица, меѓу кои и тројца малолетници.
Најголемиот дел од апсењата се случија во главниот град, каде полицијата приведе осум лица, од кои седуммина од Скопје и околината (вклучително и еден 15-годишник), како и еден државјанин на Република Словенија. При претресите кај нив биле пронајдени марихуана и бела прашкаста и грутчеста материја.
Истовремено, во тетовското село Рогле беа приведени двајца 16-годишници откако кај нив била откриена марихуана, за што е известен и Јавен обвинител, додека во Охрид, по претходна судска наредба, извршен е претрес во домот на 39-годишен жител при што се одземени марихуана и дробилка. По документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни пријави.


