Утрово во 03:40 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода Д.А.(20) од Прилеп, С.Џ.(27) од Прилеп, С.Џ.(19) од Прилеп, Д.Р.(31) од Прилеп, Д.М.(18) од Битола, Е.М.(26) од Битола, М.Х.(22) од Битола, Ј.Х.(19) од Битола и Р.Х.(34) од Кичево.
Тие се сомничат дека во 01:30 часот на Осломешка крстосница го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што биле употребени дрвени предмети и ножеви и притоа со расекотини и повреди се здобиле две лица.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
- Масовна тепачка во Кичево: Деветмина уапсени, се тепале со ножеви и дрвени предмети
- ЈСП со важно известување за граѓаните
- Фалсификат диплома предизвика хаос: Директорка на скопско училиште со месеци под закани, ѝ го запалиле и автомобилот
- Скандал во Аеродром: Лажен полицаец нападнал пејачка во угостителски објект
- Уште една трагедија ја потресе Македонија: Почина гевгеличанец откако со трактор слетал во река
- Трагедија во Богданци: Трактор се забил во ѕид, возачот починал на лице место
- ВЛЕН: Албанците не се алатки, туку се закон
- Ѓорѓиевски: Десетина бездомни лица веќе добија работа и кров над глава

