Деветмина повредени во украински воздушен напад врз Брјанската област

Најмалку девет лица се повредени во украински воздушен напад врз селото Бела Березка во руската Брјанска област, соопшти регионалниот гувернер Александар Богомаз.

„Жртвите веднаш беа префрлени во болница каде што им се укажува соодветна медицинска помош,“ изјави Богомаз, пренесе агенцијата РИА Новости.

Според информациите, нападот со дронови предизвикал пожари и оштетувања на станбени и административни згради.

Истовремено, во Краснодарскиот крај, пад на дрон предизвика пожар во една рафинерија нафта. „Остатоците од дронот паднаа врз една од инсталациите,“ објави регионалниот штаб за итни ситуации на Телеграм. Пожарот бил изгаснат и нема жртви, пренесе Интерфакс.

Рускиот гувернер на Ростовската област, Јуриј Сљусар, соопшти дека системите за противвоздушна одбрана во текот на ноќта одбиле украински напади со дронови врз Ростов на Дон, Таганрог, Азов и уште три округа во регионот.

Leave A Reply

Exit mobile version