Маските се најдобра заштита од корона, можеби дури и подобра од вакцините

Директорот на Американскиот институт за превенција и контрола на болести (CDC), изјави за време на сослушувањето во Сенатот дека маските можат да бидат подобра заштита од коронавирусот отколку вакцините.

 

-Маските се најмоќното средство за заштита од коронавирусот и можат да обезбедат уште подобра заштита од вакцините- рече Редфилд, пренесува CNBC.

Тој посочи дека постојат научни докази дека маските делуваат и дека тие се најдобра заштита од вирусот ковид-19.

Редфилд посочи дека Американците сè уште не носат маски до таа мера која би била доволно за да се одржи под контрола бројот на заразени.

 Тој апелираше до американските граѓани да преземат одговорност и да носат маски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2020 - 23:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега