Маск предупредува на ескалација на конфликтот во Украина поради испорака на оружје
Потенцијална испорака на оружје од Јужна Кореја во Украина би довело до ескалација на конфликтот во земјата, изјави денеска американскиот милијардер Илон Маск. „Ова изгледа како нешто што ќе ескалира“, напиша Маск на платформата „Икс“ одговарајќи му на инвеститорот Марио Науфал, кој се прашуваше дали Сеул ќе одлучи да ја испрати војската во воената зона.
Јужна Кореја постепено ќе презема контрамерки во согласност со нивото на воена соработка меѓу Русија и Северна Кореја, изјави денеска заменик-советникот за национална безбедност Ким Тае-Хјо откако Сеул го обвини северниот сосед дека испраќа војници во Русија за да учествуваат во војната во Украина. По состанокот организиран од советникот за национална безбедност Шин Вон-сик, тој го обвини Пјонгјанг дека се однесува како криминална организација испраќајќи млади Севернокорејци да се борат во Русија.
Тој вети соработка со сојузниците за да се обезбедат контрамерки против воената соработка меѓу Северна Кореја и Русија. Кабинетот на претседателот соопшти дека постои можност Јужна Кореја да ѝ достави офанзивно оружје на Украина, наведува агенцијата „Јонхап“.
Разузнавачката служба на Јужна Кореја објави дека Северна Кореја планира да испрати приближно 12.000 војници од специјалните сили за поддршка на Русија, пренесува „Танјуг“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа