Масакр во Бразил: Тинејџер со мачета влегол во градинка - има мртви деца (ВИДЕО)
Осумнаесетгодишно момче со мачета влегло во градинка и убило три деца и учителка во Саудадес во бразилската држава Санта Катарина.
Децата во градинката, како што се наведува, биле помали од две години.
Во нападот, според информациите од медиумите, повредено е и уште едно дете, како и жена. Тие се пренесени во болница и се наоѓаат во многу тешка состојба. Осомничениот е уапсен и е сериозно повреден, пренесува бразилски „Глобо“.
Не се познати причините за нападот. Во тек е истрага.
04.05.2021 - 19:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа