Масакр во болница во Германија: Вработена убила 4 лица и едно се бори за живот

 

Четири лица биле пронајдени мртви во болница во градот Подсдам, недалеку од Берлин, а уапсена е и жена осомничена за нивното убиство, соопшти денеска германската полиција.

Портпаролот на полицијата на провинцијата Бранденбург изјави дека покрај четирите мртви лица во клиниката за ортопедија Оберлин, пронашле и едно тешко повредено лице, пренесува агенцијата АП.

Според неговите информации, на жртвите биле забележани знаци на екстремно насилство.

Локални медиуми наведуваат дека уапсената жена осомничена за убиство била вработена на клиниката, додека жртвите се пациенти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.04.2021 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега