Најмалку три лица загинаа, а 12 се тешко повредени во утринскиот напад со руски дрон врз автобус во центарот на украинскиот град Никопол. Трагедијата се случила во моментите кога граѓаните оделе на работа, пренесуваат украинските власти.
Украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко, потврди дека цел на нападот бил цивилен јавен превоз.
„Ова е директен удар врз цивили. Никопол, кој се наоѓа на самата линија на фронтот крај реката Дњепар, со денови е под жесток оган“, соопштија локалните власти.
Ова е втор масовен напад врз овој град во само неколку дена, откако неодамна при гранатирање на пазар загинаа пет лица, а 19 беа повредени. Притисокот врз цивилните подрачја во овој регион не запира.

