Марија Шерифовиќ подготвена да фрли 200.000 евра: Пејачката менува професија, купува два локала среде Белград

Пејачката Марија Шерифовиќ реши да вложи 200.000 евра во семејниот бизнис и да и помогне на нејзината мајка Верица да го врати во главниот град нејзиниот бизнис со колачи, кој одлично и работеше, но потоа замре поради корона вирусот.

Имено, Верица морала да ја затвори слаткарницата во Белград и да ја пресели во Крагуевац, а сега нејзината ќерка сака да и обезбеди нови простории и да го рестартира бизнисот со колачи и торти.

„Шерифовиќ и помага на мајка си да си го обнови бизнисот, купувајќи ѝ ги двата локала во Белград за да започне одново со правење колачи“ – рекол извор близок на славните мајка и ќерка и додал:

„Марија криела од мајка си дека разгледувала локали, планира да купи простор на две локации, а се ќе ја чини околу 200.000 евра заедно со опремата што ја купува потребна за производство. Инаку, Верица најпрво ја затворила својата продавница во Белград поради коронавирусот, односно ја преселила во Крагуевац, но како што неодамна откри и таа локација морала привремено да ја затвори поради кризата која владее. Инаку муштериите биле воодушевени од кондиторските вештини на Верица, а некои тврделе дека ниту Марија не заостанувала многу зад нејзината мајка.

Верица вели дека сакаат да експериментираат со слатки, но вечерите им се најубави со кифлички со џем од кајсии.

Таа вели дека Марија е одлична и како слаткарка и дека се надева дека како што почнала да пее со неа, ќе продолжи и со слаткарницата.

„Слушнав дека кога е Марија тука, целата улица е исполнета со песните што ги пеат додека подготвуваат слатки“ – изјави еднаш за медиумите еден од муштериите на Шерифовиќ.

22.11.2022 - 23:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега