Маричиќ: Западен Балкан е решен да се движи кон членство во ЕУ

 
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ е дел од владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски која денеска учествува на средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан.
„Западен Балкан знае да биде промотор на европскиот систем на вредности и е решен да се движи кон членството во ЕУ. 
 
Берлинскиот процес добива нов замав и следниот период ќе даде многу одговори за насоката во која треба да се движат земјите од Западен Балкан и како успешно да се надминат предизвиците и да се достигне членството во ЕУ.
Во вакви сложени геополитички околности Берлинскиот процес отвора нова шанса за добра динамика на европската интеграција на земјите од регионот и зајакнување на регионалната соработка во вистинско време.
Ја знаеме важноста и потенцијалот кој лежи во регионалната соработка, пред се економската. Сите земји од регионот имаме одлична можност подобро да ги валоризираме нашите ресурси и да стануваме поатрактивни за странските инвеститори, кои ќе ни помогнат побрзо да напредуваме во демократскиот развој на нашите земји, во однос на ЕУ“, напиша Маричиќ на Фејсбук.

03.11.2022 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега