Маричиќ: Со многу труд решаваме децениски проблеми во правосудството, резултатите доаѓаат
Министерот за правда Бојан Маричиќ денес се обрати на дијалогот за јавни политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година со Акциски план-до каде сме и што понатаму“ во организација на Институтот за европска политика, каде кажа дека е задоволен од резултатите и темпото на спроведување на реформите во правосудството. Дополнително, најави нови мерки со цел зацврстување на правната држава.
-Практиките во судството се менуваат благодарение на чекорите кои ги преземаме. Граѓаните веќе ја забележуваат проактивната улога на Судскиот совет. До денес имаме 16 разрешени судии, поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Ова е факт кој говори дека законските измени за реформирање на правосудството и враќањето на довербата на граѓаните во судството, не се само на хартија, туку се функционални и истите се применливи во пракса – потенцираше Маричиќ
Тој додаде и дека направена е промена, но и дека има уште многу да се работи. Потврди дека реформата останува високо на агендата на Владата и смета дека сме на вистинскиот пат кон исполнување на целта за независен, професионален, транспарентен и ефикасен правен систем.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа