Маричиќ: РСМ во ЕУ до 2030 година

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на својот Фејсбук профил објави дека 2030 е реално време за спроведување на демократските реформи, одржлив напредок на земјата и постепено вклучување на единствениот пазар на ЕУ. 
 
Маричиќ вели дека убава вест доаѓа од Европскиот парламент, кој денеска го усвои Извештајот подготвен од европратеникот на социјалдемократската партија (S&D), Тонино Пицула. 
 
-Планот за новата стратегија за проширување има јасен рок: пристапните преговори треба да завршат до крајот на 2030 година. Проширувањето била и мора да остане една од најуспешните политики на ЕУ, но сега неопходно е да се активира со цел ЕУ да го зачува својот кредибилитет и да остане геополитички играч”, пишува вицепремиерот Маричиќ. 
 
Во овој Извештај се и наведува и дека усогласувањето со заедничката надворешна политика на ЕУ е услов да се остане на европскиот пат.
 
Меѓу главните заклучоци од Извештајот се: 
 
-Нема алтернативи за замена на проширувањето на ЕУ
-Јасни рокови: пристапните преговори треба да завршат до крајот на 2030 година
-Гласање со квалификувано мнозинство во областите релевантни за процесот на пристапување, освен конечната одлука, за подобрување на одлучувањето за да избегнеме билатерални спорови како алатка за блокирање
-Финансирањето на ЕУ и неговите опипливи резултати мора да бидат повидливи во земјите на проширување.
-Наградување на земјите-кандидати кога тие ќе постигнат одржлив напредок, вклучително и со нивно постепено вклучување на единствениот пазар на ЕУ и реагирање на регресија или постојан недостаток на напредок во реално време.
-Главен преговарач од страната на ЕУ за секоја земја; Ова може да биде од корист за транспарентноста на процесот, пред се кога комуницираме со граѓаните на земјите кандидати.
24.11.2022 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега