Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најмалку пет Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Газа
    • Ангелов: Пожарот кај прилепското село Чаниште зафати најмалку една куќа и помошен објект, екипите спречија поголема катастрофа
    • (ВИДЕО) Мисајловски: Нека одекне гордоста
    • Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините
    • Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Судии и обвинители како Ѓорѓиев и Мемети, фатени со мито, бараат плати до 6.000 евра со само 2% доверба

    Манасиевски: Судии и обвинители како Ѓорѓиев и Мемети, фатени со мито, бараат плати до 6.000 евра со само 2% доверба

    25.11.2025 во 12:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp


    Судиите и обвинители како Наќе Ѓорѓиев и Иџет Мемети кои земаат мито и влијаат врз судски пресуди, бараат плати и до 6.000 евра со само 2% доверба, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

    Македонската јавност заслужува да знае кој се овие поединци од судската и обвинителската фела, кои се имплицирани во вакви судски пресуди со своите влијанија, а од друга страна со 2% доверба сакаат зголемување на платите, вели Манасиевски.

    Манасиевски посочи дека група на поединци како Наќе Ѓорѓиев и Иџет Мемети, тогашни високи функционери во правосудството, беа фатени како земаат мито за да влијаат врз пресуда во вредност од 10.000 евра, а за ова кривично дело и двајцата се спогодија со судот, односно ја надиграа правдата.

    „Со кое лице и како очекуваат од народот и граѓаните, луѓе како Ѓорѓиев и Мемети, да бараат зголемување на и онака високите плати? Како народот да очекува правда, кога истите овие луѓе кои земаа по 10тина илјади евра мито, се спогодија со судовите? Како може народот да очекува правда и одговорност кога кој е тој што ја гарантира независноста на оние судии и обвинители кои се спогодиле со Ѓорѓиев и Мемети? Кој гарантира дека нема да влијаат истите и врз некои други предмети?

    На македонското правосудство му е потребен ремонт. Во судството и обвинителството не смее да има остатоци од оние кои ги бираа СДС и ДУИ. Корумпирани и криминални. Заради оваа група на поединци, чесни и транспарентни судии и обвинители не можат да дојдат до израз“, нагласи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.