Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска упати остри критики до Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и неговиот претседател Слободан Трендафилов. Според Манасиевски, раководството на ССМ одбило предлог на Владата за зголемување на платите во администрацијата за 40% во следните две години.

Манасиевски го обвини Трендафилов дека е „политички заробеник“ на СДСМ и дека свесно ги остава работниците без повисоки примања само за да не го потпише новиот колективен договор.

„Лицемерието е разоткриено. Додека глуми загриженост за работничките права, Трендафилов го одбива предлогот на Владата за раст на платите од 40 отсто. Очигледно е дека на ССМ не им е до работниците, туку до тоа да ѝ наштетат на државата,“ изјави Манасиевски.

Тој дополнително посочи дека зад денешниот протест стои политичка координација меѓу ССМ, СДСМ и Левица.

Exit mobile version