Close Menu
Press24
    Најново

    2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат

    06.03.2026 во 23:42

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

    06.03.2026 во 22:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат
    • Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци
    • Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак
    • Израел со силен воздушен бран во Бејрут
    • Иран: Европа и другите земји ќе бидат легитимни цели на напад ако се приклучат на САД и Израел
    • Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник
    • Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“
    • Битолски водовод: Чистењето на улиците се врши веднаш по санирање на дефектите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Пола влада во затвор ќе отидеше затоа ме суспендираа, вака изјавува поранешната обвинителка Лејла Кадриу за нејзината истрага за пожарот во модуларната болница

    Манасиевски: Пола влада во затвор ќе отидеше затоа ме суспендираа, вака изјавува поранешната обвинителка Лејла Кадриу за нејзината истрага за пожарот во модуларната болница

    14.02.2026 во 12:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Пола Влада во затвор ќе отидеше затоа ме суспендираа, вака изјавува поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу за нејзината истрага за пожарот во модуларната болница. За да бидат поставени модуларните болници, односно пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што загинуваат 14 наши сограѓани, Филипче и Заев наместо да ги подобрат стандардите на болниците, Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го менува Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување одобрение ќе издава МЗ или тогашниот министер, Венко Филипче, изјави на денешната пресконференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Со ова се потврдува дека алчноста за повеќе пари на Филипче донесе наместо квалитетни панели со камена волна кои не горат и до 40 минути, тој ставил рециклирани панели со пур пена, а згора на се, немало ниту елаборат за електрична енергија, а со тоа немало ниту разводна табла, што довело до експлозија и пожар во болницата. Филипче не го послушал ни предлогот на еден од директорите во тетовската болница кој му понудил болните од ковид да бидат сместени во двата спрата слободни во болницата. Филипче ова го одбива, затоа што 30 милиони евра морале да бидат потрошени по секоја цена, а за модуларните болници според обвинителката Кадриу, не биле потрошени повеќе од 300.000 евра. Прашањето е каде завршиле останатите пари? Дополнително, уште полошо во целата ситуација, било тоа што, објектот модуларна болница, почитувани граѓани, бил поставен директно над резервоар на бензиска пумпа. Што значи дека, ова можело да доведе и до поголема експлозија и повеќе човечки жртви. Крајот на поранешната обвинителка Кадриу, дошол во моментот кога таа побарала градежно вештачење за модуларната болница. Од кога го побарала ова, таа била суспендирана и тука завршила нејзината кариера. Таа во своето интервју вели дека била суспендирана затоа што ако го истражела случајот пола влада ќе завршела во затвор.

    Ете почитувани, како СДС владееше со државата. Притисоци, уцени и закани кон обвинители, судии за одредени предмети и судски постапки. СДС го партизираше секој порив во општеството, па дури и судството и обвинителството. Ова зло кое се случи на Македонија, не смее да биде повеќе на политичката сцена“, додава Манасиевски.

    Популарно

    Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник

    06.03.2026 во 22:09

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    „Вашингтон пост“: Москва му предава координати на американската морнарица на Техеран

    06.03.2026 во 21:22

    Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

    06.03.2026 во 22:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.