Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска упати сериозни обвинувања до раководството на СДСМ, тврдејќи дека Венко Филипче работи по директни насоки на Зоран Заев. Според него, Филипче остварил средби со Милјан Шчекиќ во Ниш и со Зоран Башановиќ во Грција, кои сега се задолжени за ПР-стратегијата на опозициската партија.
„Човекот со контроверзно минато, Зоран Башановиќ, сега го советува Филипче за јавните настапи. Односот на СДС кон јавноста е директно по насока на Башановиќ и Шчекиќ, луѓето кои Заев ги најми да му помогнат на СДС“, изјави Манасиевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека СДСМ дејствува како „прокси партија“ на поранешниот премиер Заев, што според нив доведува до дополнителен пад на рејтингот на партијата. Манасиевски додаде дека граѓаните веќе препознаваат кој стои зад „лошите ПР политики“ и дека лицата поврзани со афери и скандали ја водат партијата во пропаст.

