Влезот на Јон Фрчковски во новото раководство на СДСМ предизвика остра реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија обвинуваат дека лидерот Венко Филипче, наместо да ја реформира партијата, промовира лица кои се поврзуваат со скандали за употреба на наркотици.

Портпаролот Валентин Манасиевски потсети на фотографиите кои излегоа во јавноста пред неколку месеци, на кои, според ВМРО-ДПМНЕ, се гледа како Фрчковски користи психотропни супстанци на работно место.

Партијата прашува зошто Јавното обвинителство сè уште нема отворено предмет за овој случај и дали за „децата на транзициските функционери“ важат други закони.

„Нереформираната СДС на чело со чуварот на фотелјата на Зоран Заев, Венко Филипче, во раководството го внесе и синот на нивниот идеолог, а тоа е Јон Фрчковски. Во раководството на СДС има се – од криминалци, коруптивни лица, лажговци, манипулатори, неуспеани луѓе и секако луѓе кои користат наркотици. (…) Се сеќаваме пред само неколку месеци, излегоа фотографии во јавноста од Фрчковски на кои се гледа како користи психотропни супстанци, на своето работно место. Од СДС само молк, ниту оградување, ниту дистанцирање, мали Фрчко демек си даде оставка, ама Филипче демек не му ја разгледува, и по се изгледа имаат синдром сличен на судството – чуваат предмети по фиоки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Exit mobile version