Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција ги презентираше актуелните меѓународни и дипломатски постигнувања на земјава, упатувајќи притоа остри критики до опозициската СДСМ.
Според партијата, последната посета на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, и обезбедените милионски средства од Планот за раст се реален доказ за опипливиот реформски напредок на Македонија на европскиот пат.
„Дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му пречи на СДС, на кои единствен успех би им бил уставни измени за редефинирање на македонската историја“
Како дополнителни успеси на македонската дипломатија, од ВМРО-ДПМНЕ ги посочија и изборот на земјава за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН (ЕКОСОК), како и завршувањето на пост-мониторингот со Советот на Европа.
Манасиевски повлече паралела со минатото, нагласувајќи дека по години потчинување и неработење, актуелната Влада успеала да потпише и ратификација на клучниот договор со Бугарија за изградба на Коридорот 8.
На крајот, од владејачката партија заклучија дека наместо политика на бланко потписи на штета на државните интереси, денес се работи на евроинтеграции со реални резултати кои се соодветно поздравени од високи европски функционери.


