На 2 ноември масовно да излеземе и да го заокружиме бројот 9, за развој, просперитет и напредок на локалните самоуправи, како и подобрување на условите за живот во секоја една општина, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Изминатите 4 години, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ покажаа и докажаа дека може да се работи чесно и транспарентно, а во повеќето општини бевме сведоци дека се реализираше повеќе и од ветеното, истакна Манасиевски.
Манасиевски посочи дека 16 месеци Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека општините веќе не се сами, туку дека имаат партнер во неа. Соработката помеѓу локалната и централната власт овој период е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не ги дели општините на наши и ваши, туку на заеднички бидејќи пред сè, работиме во интерес на граѓаните.
„Преку поддршката која Владата им ја овозможува на локалните единици се решаваат голем број на децениски проблеми, се реализираат многу капитални проекти, а Владата и понатаму ќе продолжи да ги поддржува општините во иднина.
За да продолжиме континуирано да работиме на модернизирање и унапредување на секоја една општина, потребна ни е вашата поддршка во недела, на 2 ноември.
Ги повикуваме граѓаните на Аеродром, Брвеница, Валандово, Виница, Дебрца и Демир Капија, Дојран, Долнени, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани и Крушево, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и Градот Скопје, да го направат вистинскиот избор и да го заокружат бројот 9! За твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!“, потенцираше Николоски.
- Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија
- Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка
- МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители
- Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница
- МВР со детали за пронајдениот леш во Зрновци
- Стружанец се обидел да ја напушти државата со куршуми во рачниот багаж
- Грозоморен настан во Зрновци: Силувано и убиено женско лице – пронајдено обезглавеното тело
- Прегазено осумгодишно дете на патот Радовиш-Конче, со тешки повреди пренесено во болница

