Левичарите од Тему на чело со Димитар Апасиев алчни за пари го блокираат Изборниот законик за да се претстават како тврдокорни, изјави денеска Валентин Николовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако со консенсуз од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, левичарите од Тему денес тој договор го поништуваат.
Пред граѓаните велат дека проблемот е во тоа што изборниот модел треба да биде со една изборна единица, нешто што и ние го поддржуваме, а зад завесата впрочем ги интересираат само пари.
Да биде кристално јасно за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на политичката партија Левица за новиот Изборен законик, а тие наместо еднаш да се покажат дека можат да стојат на договорот, односно на договореното, одбија да го потпишат консензуалниот договор за новиот Изборен законик, а по тоа и го блокираат заедно со СДС.
Почитувани граѓани,
Ваквите плитки ПР политики кои ги тераат Левица и Димитар Апасиев се прочитани од граѓаните, а тоа може директно и да се види и по анкетите. Поддршката за лажните левичари од Тему граѓаните не ја даваат, додаде Манасиевски.


