Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати жестоки критики до поранешниот министер за здравство Венко Филипче, нарекувајќи го „симбол на корупцијата“. Според Манасиевски, трагедијата во Тетово, каде живи изгореа 14 лица, директно се должи на свесното заобиколување на законите за градење и заштита од пожари.
Манасиевски посочи на фрапантни бројки во врска со финансирањето на овие објекти:
„Биле потрошени само 300.000 евра од вкупно 30 милиони наменети за модуларните болници. Тоа е само 1%. Каде отидоа останатите 99% од парите, одговор сè уште нема“, обвини Манасиевски.
Тој додаде дека Филипче и Заев намерно го смениле Законот за градење за да ги третираат болниците како „урбана опрема“, со што ги избегнале строгите технички контроли.


